ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ

           Основна дејност на Здружение за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ КУМАНОВО е:
           Основни цели на Здружение за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ се:
• Планирање на заедничката работа на стручно-научниот кадар, ангажирајќи се во научно истражувачката дејност, преку учество на научно истражувачки проекти, научни, културни, уметнички и спортски собири, издавање на научно-стручни трудови, издавање на дела од областа на литературата, науката, уметноста, културата и спортот.
• Негување и развивање на научно-стручен, културен, уметнички и спортски приод преку: конференции, предавања, научни расправи, симпозиуми, трибини тркалезни маси, работилници, концерти, изложби, промоции на литературни, научни и стручни дела и сл.
• Издавачка дејност.
• Организирање на конференции и издавањена конференциски зборници и научно стручни списанија.
• Организирање на концерти и изложби.
• Организирање на спортски натпревари и манифестации.
• Критичко оценување на состојбата во одделни научни дисциплини, преку организирани предавања, јавни одбрани, проекти, публикации, промоции, културни настани, уметнички настани и спортски настани.
• Континуирана работа врз научното, стручното, културното, уметничкото и спортското како и едукативното издигнување и усовршување на своето членство.
• Информирање на своето членство за современите достигнувања во науката, уметноста, културата и спортот.
• Соработка со научни, културни, наставно образовни и други организации и асоцијации од ист или сличен карактер во Република Македонија и странство.
• Самостојно следење, изучување, решавање или пак предлагање решенија, за разрешување на проблеми од областа на науката, уметноста, културата и спортот.
• Иницијативи за нормативно регулирање на одделни прашања, преку закони и преку други прописи, во областа на науката, уметноста, културата и спортот.
• Здружување на сродни асоцијации заради организирање заедничка активност за утврдување и спроведување на заеднички програми и акции за прашања од интерес на своето членство.
Со цел да се реализираат целите кои беа претходно наведени, Здружението за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ, ги остварува следните активности:
• Организирање на стручни, научни, уметнички, културни, спортски едукативни симпозиуми, советувања, конференции, тркалезни маси, трибини и сл.
• Објавување на научни и стручни трудови од областа на науката, уметноста, културата и спротот.
• Објавувањње на уметнички дела, списанија, публикации и други форми на објавувања без оглед на медиумите на кои се наоѓаат.
• Соработка на сродни здруженија од земјата и странство,
• Реализација на студиски престои и овозможување на учество на своите членови во научни, уметнички, културни и спортски собири, манифестации и презентации од земјата и странство
            Согласно целта и задачите за кои што е основано, Здружението отпочна со работа во 2017 година и го организанираше Кумановскиот џез фестивал за која што намена доби финансиска помош од Министерството за култура. Исто така ги организираше и џез фестивалите: 2018, 2019, 2020, 2021, 2022 и 2023 година со што џез фестивалот стана традиционален. 
• Проекти од областа на организирање на јавни настани,
• Истражувачки проекти од областа на оспособување на лица со посебни потреби.
• Проекти од областа на едукацијата.

Институт за наука уметност култура и спорт е организатор и на конференции кои ги организира започнувајќи од 2018 година до денеска заедно во соработка со: НОВИОТ БЛГАРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ОД СОФИЈА, ФАКУЛТЕТ ПРИМЕЊЕНИХ НАУКА НИШ, ОБРАЗОВНА АКАДЕМИЈА ВИРТУАЛ-М.