За џез фестивалот…

Една од основните цели на  ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ КУМАНОВО е организирање на научни, уметнички, културни и спортски настани. Организирањето на “Џез фестивал Куманово 2017” кој се оддржа на 22.09.2017 година во Центарот за култура Трајко Прокопиев Куманово покажа дека ваков настан недостасуваше пробудувајќи голем интерес кај посетителите. 

Тргнувајќи од искуството кое го имаме од претходно одржаниот фестивал, 2018 година исто така на 14 и 15.09.2018 година го организиравме Џез фестивал Куманово 2018 на отворен простор пред Градскиот базен. Настапија врвни меѓународни имиња од џез музиката и тоа:. Васил Хаџиманов jazz band-Република Србија, DROM – Република Грција, VISAR KUCI TRIO -Република Косово, Кабадајас, Скопје Република Македонија, Фиерце, Скопје, Република Македонија, Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Оваа година, трета година традиционалниот Џез фетивал Куманово 2019 исто така ќе го збогатат врвни музички имиња од подрачјето на џез музиката:

Васко Атанасовски квартет – Република Словенија,

Танос Ставридис трио-Република Грција

Аднан Тескереџиќ Трио-Босна и Херџеговина

Македонија диксиленд џез оркестар

            Музичкиот настан ќе се оддржи во Центарот за култура Трајко Прокопиев Куманово на 20 и 21.09.2019 година и ќе биде поткрепен со професионална аудио, видео и мултимедијална подршка и сите музичко сценски и технички елементи кои се потребни за оддржување на настан од ваков вид.     

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *