Институт за наука, уметност, култура и спорт, Нов Български Университет- София, Център за оценка на риска по хранителната верига към Министерство на земеделието, храните и горите – София, Агенција за храна и ветеринарство Скопје, организираат НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА со наслов “ГЛОБАЛНИ ПРОБЛЕМИ И РЕГИОНАЛНИ РЕШЕНИЈА”. Конференцијата се организира на 28 -29 ноември во Хотел Буши Скопје. Повеќе информации за конференцијата на маил instnuks@gmail.com или на телефон 078 234 399, проф.д-р Маријан Стевановски. УЧЕСТВОТО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА Е БЕСПЛАТНО ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ОД НАШАТА ДРЖАВА. ПОВЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ТРУДОВИ.
Многу успешно се одржа НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА “ГЛОБАЛНИ ПРОБЛЕМИ И РЕГИОНАЛНИ РЕШЕНИЈА”. Организација извонредна. Трудовите покажаа дека учесниците сериозно се занимаваат со науката. Навистина беше чест и задоволство да се присуствува на истата. Беа разменети многу научни и практични искуства. Од името на Организациониот одбор на конференцијата и од името на Институт за наука, уметност, култура и спорт, Ви се заблагодарувам на сите кои земавте учество со своите трудови и научно ја облагородивте конференцијата. Се гледаме на следната конференција.Срдечен поздрав до сите.