
Основни цели на Здружение за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ се:
-
- Планирање на заедничката работа на стручно-научниот кадар, ангажирајќи се во научно истражувачката дејност, преку учество на научно истражувачки проекти, научни, културни, уметнички и спортски собири, издавање на научно-стручни трудови, издавање на дела од областа на литературата, науката, уметноста, културата и спортот.
- Негување и развивање на научно-стручен, културен, уметнички и спортски приод преку: конференции, предавања, научни расправи, симпозиуми, трибини тркалезни маси, работилници, концерти, изложби, промоции на литературни, научни и стручни дела и сл.
- Издавачка дејност.
- Организирање на конференции и издавањена конференциски зборници и научно стручни списанија.
- Организирање на концерти и изложби.
- Организирање на спортски натпревари и манифестации.
- Критичко оценување на состојбата во одделни научни дисциплини, преку организирани предавања, јавни одбрани, проекти, публикации, промоции, културни настани, уметнички настани и спортски настани.
- Континуирана работа врз научното, стручното, културното, уметничкото и спортското како и едукативното издигнување и усовршување на своето членство.
- Информирање на своето членство за современите достигнувања во науката, уметноста, културата и спортот.
- Соработка со научни, културни, наставно образовни и други организации и асоцијации од ист или сличен карактер во Република Македонија и странство.
- Самостојно следење, изучување, решавање или пак предлагање решенија, за разрешување на проблеми од областа на науката, уметноста, културата и спортот.
- Иницијативи за нормативно регулирање на одделни прашања, преку закони и преку други прописи, во областа на науката, уметноста, културата и спортот.
- Здружување на сродни асоцијации заради организирање заедничка активност за утврдување и спроведување на заеднички програми и акции за прашања од интерес на своето членство.
Здружението за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ, ги остварува следните активности:
-
- Организирање на стручни, научни, уметнички, културни, спортски едукативни симпозиуми, советувања, конференции, тркалезни маси, трибини и сл.
- Објавување на научни и стручни трудови од областа на науката, уметноста, културата и спротот.
- Објавувањње на уметнички дела, списанија, публикации и други форми на објавувања без оглед на медиумите на кои се наоѓаат.
- Соработка на сродни здруженија од земјата и странство,
- Реализација на студиски престои и овозможување на учество на своите членови во научни, уметнички, културни и спортски собири, манифестации и презентации од земјата и странство
