ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ

Основна дејност на Здружение за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ КУМАНОВО е: Основни цели на Здружение за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ се: • Планирање на заедничката работа на стручно-научниот кадар, ангажирајќи се во научно истражувачката дејност, преку учество на научно истражувачки проекти, научни, културни, уметнички и спортски собири, издавање на научно-стручни трудови, издавање на дела од областа на литературата, науката, уметноста, културата и спортот. • Негување и развивање на научно-стручен, културен, уметнички и спортски приод преку: конференции, предавања, научни расправи, симпозиуми, трибини тркалезни маси, работилници, концерти, изложби, промоции на литературни, научни и стручни дела и сл. • Издавачка дејност. • Организирање на конференции и издавањена конференциски зборници и научно стручни списанија. • Организирање на концерти и изложби. • Организирање на спортски натпревари и манифестации. • Критичко оценување на состојбата во одделни научни дисциплини, преку организирани предавања, јавни одбрани, проекти, публикации, промоции, културни настани, уметнички настани и спортски настани. • Континуирана работа врз научното, стручното, културното, уметничкото и спортското како и едукативното издигнување и усовршување на своето членство. • Информирање на своето членство за современите достигнувања во науката, уметноста, културата и спортот. • Соработка со научни, културни, наставно образовни и други организации и асоцијации од ист или сличен карактер во Република Македонија и странство. • Самостојно следење, изучување, решавање или пак предлагање решенија, за разрешување на проблеми од областа на науката, уметноста, културата и спортот. • Иницијативи за нормативно регулирање на одделни прашања, преку закони и преку други прописи, во областа на науката, уметноста, културата и спортот. • Здружување на сродни асоцијации заради организирање заедничка активност за утврдување и спроведување на заеднички програми и акции за прашања од интерес на своето членство. Со цел да се реализираат целите кои беа претходно наведени, Здружението за наука, уметност, култура и спорт ИНСТИТУТ ЗА НАУКА УМЕТНОСТ КУЛТУРА И СПОРТ, ги остварува следните активности: • Организирање на стручни, научни, уметнички, културни, спортски едукативни симпозиуми, советувања, конференции, тркалезни маси, трибини и сл. • Објавување на научни и стручни трудови од областа на науката, уметноста, културата и спротот. • Објавувањње на уметнички дела, списанија, публикации и други форми на објавувања без оглед на медиумите на кои се наоѓаат. • Соработка на сродни здруженија од земјата и странство, • Реализација на студиски престои и овозможување на учество на своите членови во научни, уметнички, културни и спортски собири, манифестации и презентации од земјата и странство Согласно целта и задачите за кои што е основано, Здружението отпочна со работа во 2017 година и го организанираше Кумановскиот џез фестивал за која што намена доби финансиска помош од Министерството за култура. Во 2018 година исто така веќе традиционално се оддржа Џез фестивал Куманово 2018 година како и Џез концерт на Македонски изведувачи во Демир Капија.. За оваа 2019 година, Институтот планира да настапи со повеќе активности од кои набројуваме само дел од нив: • Џез фестивал Куманово 2019, кој веќе е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, • Проекти од областа на организирање на јавни настани, • Истражувачки проекти од областа на руралниот туризам, • Истражувачки проекти од областа на оспособување на лица со посебни потреби. • Проекти од обалста на едукацијата. Проектите се изработени при што се спроведуваат фазите за обезбедување на финансиски средства за реализација на истите.