IX-та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА, СОЛУН, 2026 ГОДИНА
ИНСТИТУТ ЗА НАУКА, УМЕТНОСТ, КУЛТУРА И СПОРТ во соработка со НОВИОТ БЛГАРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ СОФИЈА, ОБРАЗОВНА АКАДЕМИЈА ВИРТУАЛ-М КУМАНОВО И ФАКУЛТЕТ ПРИМЕЊЕНИХ НАУКА НИШ, организира IX-та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА која ќе се оддржи од 19 до 21 фебруари, 2026 година, во Солун, Република Грција.
Конференцијата е на тема: „БАЛКАН: НОВИ ХОРИЗОНТИ ЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ“.
Опфатени се сите научни дисциплини без ограничување. Јазикот на учеството и поднесувањето на трудовите е мултинационален: македонски, бугарски, србски, англиски. Како и секоја година и оваа, во интерес на придонесот и развојот на научната мисла, учеството на конференцијата со трудовите е БЕСПЛАТНО. Трошоците за сместување паѓаат на товар на учесникот. Заинтересираните нека ме контактираат преку месинџер или на телефонскиот број 078 234 399 со цел да Ви доставам конференциски материјали. Краен рок за достава на абстракти, 10.01.2026 година кои се доставуваат на мејловите: marijan.stevanovski@gmail.com; instnuks@gmail.com или на линкот оставен подолу со потполнување на формуларот.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!!!“.
На оваа веб страница имате електронска пријава со можност за прикачување на Вашиот абстракт.
Во интерес на развој на научната мисла едногласно се согласивме котизацијата e бесплатна.
Имате отворен повик и единствена можност да учествувате во сите тематски и научни подрачја и тоа:
- Природно математички науки
- Техничко технолошки науки
- Медицински науки и здравство
- Биотехнички науки
- Општествени науки
- Хуманистички науки
Трудовите ќе бидат објавени во зборниците на Институт за наука, уметност, култура и спорт (на оваа веб страница погледајте ги електронските изданија од претходните конференции) и зборникот на трудови од Новиот Блгарски Универзитет.
Рокот за пријавување и поднесување на абстракти е 10.02.2026 година во електронска форма на погоре наведените мејлови.
Се надеваме на Вашиот придонес во процесот на унапредување на научната мисла.
За сите прашања можете да се обратите кај проф. д-р Маријан Стевановски, 078 234 399
Линк за пријава (Кликнете на насловот Покана и достава на абстракти и трудови
http://ijsa.mk/blog